Разбојници на мотор ограбиле бензинска

Двајца разбојници на мотор ограбиле бензинска пумпа во скопската населба Маџари, информираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу  4.15 часот на бензинска пумпа на улицата Перо Наков. Двајцата арамии со пиштол им се заканиле на вработените по што зеле 6.000 денари по што со моторциклот избегале.

Полицијата трага по разбојниците.