Разбојници украдоа 50.000 од постара скопјанка

Со закана со нож, разбојници ограбиле постара жена во скопски Чаир.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 19.30 часот, 62-годишната К.Р. пријавила дека била ограбена.

Таа по полиција пријавила дека во нејзниот дом дошла Е.К. и уште едно маскирано непознато лице и со закана со нож и одзеле околу 50.000 евра.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.