![grabez](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/01/grabez2.jpg?resize=262%2C174&ssl=1)
29-годишниот Г.Ј. од Скопје и негов пријател се ограбени утрово во 4 часот, во Тетово на улицата Иво Лола Рибар. Разбојниците им одземале 1.150 евра.
Според пријавата на оштетениот, неколкумина лица го пресретнале Г.Ј. и неговиот пријател, и им наредиле да им ги дадат сите пари. Откако ги земале парите разбојниците избегале, а оштетените побарале помош од полицијата.