Непознато лице синоќа извршило разојништво врз 15-годишен малолетник во автобус на ЈСП бр. 57 при што му одзеле златно ланче.
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 22,50 часот во Скопје на ул. „Цветан Димов“, во автобус на ЈСП бр.57, кој сообраќал на релација од Бит Пазар кон Радишани, непознато лице извршилo разбојништво над 15-годишен малолетник, при што му одзел златно ланче.
Лицето откако влегло со уште неколку други лица во автобусот, седнале околу оштетениот, а сторителот со закана со физичка сила му го одзел ланчето, по што се симнале на автобуската постојка.
СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.