Четири лица синоќа со закана со нож ограбиле лице во Градскиот парк во Скопје, при што му одзеле 500 денари.
Како што соопшти МВР, вчера во 23:40 часот, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари. Сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец.
Од МВР превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.