Судот за спортска арбитража со седиште во Лозана, Швајцарија, соопшти дека ги сослуша жалбите на Фудбалските сојузи на Србија и Албанија, по повод најавените санкции од УЕФА поради недоиграниот квалификациски меч за ЕУРО 2016 кој се играше во Белград на 14. октомври минатата година.
Мечот меѓу овие две селекции не го доживеа својот крај бидејќи во 42та минута беше прекинат поради инцидентот кој го приредија навивачите на двете репрезентации, откако над теренот се појави „дрон“ кој носеше знаме на Велика Албанија.
По инцидентот, играчите на Албанија одбија да се вратат на теренот.
Европската фудбалска федерација победата и ја додели на Србија со службен резултат 3-0, но ја казни со одземање на 3 бода , 100.000 франка и два меча без присуство на публика.
Албанскиот фудбалски сојуз доби казна во висина од 100.000 франка.
Фудбалските сојузи на двете земји поднесоа жалби за таквата одлука, по што УЕФА и одби истите, па случајот го превзема Арбитражниот суд.