Центарот за управува со кризи (ЦУК) соопшти во понеделникот доцна попладнето дека е добиено известување од Регионалниот ЦУК – Штип дека пожарот во раонот Селце – Драгоево на кракот кај воениот АБХО полигон, поради зголемување на температурите и појава на ветер, е разгорен и префрлен преку трасата на гасоводот. На еден дел е сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено преку трасата и се слуша пукање на муниција.
Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на заостаната муниција и густ чад, пожарникарите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот. Од градоначалникот на Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.
Дополнително ЦУК информира, дека од РЦУК – Тетово, јавиле дека пожарот кај селата Челопек и Милетино-Општина Брвеница е изгаснат на трите дела, а активен е уште на еден дел на кој интервенираат шест пожарникари со две противпожарни возила и градежна машина од ЈКП „Брвеница“ со пет вработени. Нема опасност од проширување и се очекува во скоро време пожарот да биде изгаснат.
Зафатена е поголема површина обрасната со сува трева, грмушки и остатоци од ожнеана пченица.
Причина за пожарот е човечки фактор односно палење остатоци од пожнеана пченица и јачмен. Вкупно интервенирале со три возила и осум пожарникари, багер од ЈКП Брвеница со 5 вработени, двајца полициски службеници како и градоначалникот на Општина Брвеница кој бил присутен на местото на настанот. Состојбата се следи.