Разговорите меѓу САД и Кина отвораат пат за средба на Кси -Бајден

Пекинг и Вашингтон преговараат за да го отворат патот за посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на САД, објави во четвртокот The Wall Street Journal.

Пекинг и Вашингтон разговараат за патувањето во Вашингтон на главниот советник за економска политика на Кси, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, соопшти WSJ, цитирајќи неименувани извори, наводно запознаени со преговорите.

Во тој случај, Лифенг би бил највисокиот кинески функционер што ќе оствари официјална посета на САД за време на администрацијата на Бајден.

WSJ посочува дека во тек се преговорите и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји да го посети Вашингтон во октомври годинава за да се подготви самит Кси – Бајден, откако годинава веќе пропаднаа неколку такви обиди на Вашингтон.