Размена на затвореници меѓу САД и Иран со одмрзнување на шест милијарди долари

Пет американски државјани отпатуваа во понеделникот со катарски авион од Иран во размена за пет Иранци ослободени од американските затвори во еден од ретките договори меѓу двете земји постигнат со посредување на Катар и одмрзнување на шест милијарди долари ирански капитал.

Катарскиот авион полетал откако САД и Иран биле известени дека парите се префрлени на сметки во Катар.

Висок функционер на Белата куќа потврдил за Reuters дека пет американски државјани кои биле во иранските затвори, и две жени, од нивните семејства, го напуштиле Иран во рамките на размената на затвореници.

Петмината Американци со двојно ирачко-американско државјанство префрлени се во Катар а потоа ќе заминат за САД, а истовремено од американските затвори се ослободени пет ирански државјани.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи изјавви дека двајца Иранци ќе се вратат во Иран, а двајца на сопствено барање ќе останат во САД. Еден ќе му се придружи на своето семејство во трета земја, додал.

Портпарокот Насер Канани изјави дека парите, блокирани во Јужна Кореја откако САД ги врати санкциите против Иран во 2018 година откако Вашингтон се повлече од договорот за иранската нуклеарна програма кој предвидуваше укинување на децениските санкции, му се достапни на Техеран подицна во понеделникот.

Според договорот, Катар ќе осигури тие пари да бидат потрошени за хуманитарни стоки, како што се храна и лекови, кои исто така беа засегнати со санкциите.

Ирански функционери соопштија дека петмината Иранци кои САД го ослободуваат се Мехрад Моин-Ансари, Камбиз Атар-Кашани, Реза Раргангпур- Кафрани, Амин Хасанзадех и Кавеј Адрасиаби кој изразил желба да остане во САД.