Разорните пожари во Калифорнија принудија 50.000 лица да ги напуштат своите домови

Разорните пожари во американската сојузна држава Калифорнија принудија 50.000 лица да ги напуштат своите домови. Според изјави на официјални лица, над 12 илјади пожарникари се борат со големата огнена стихија.

Калифорнија годинава се соочува со пожари кои се со огромен размер во споредба со минатогодишните, а надлежните предупредуваат дека најтешкиот период допрва следи.

Во пожарите во областа околу градот Рединг на северот на Калифорнија, кои пламнаа во четвртокот, настрадаа пет лица, а уништени се повеќе од 500 згради.

Пламенот досега зафати површина од 360 километри квадратни.