Разрешен е Златко Перински, в.д директорот на „Водовод и канализација“

Разрешен е Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, информира Град Скопје.

„Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година“, иформираа кусо од Градот.