Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска донела одлука за разрешување на Тина Иванова, директорка на НУ Филхармонија, како и на членовите на Управниот одбор на установата, објави Прес 24.
Одлуката е донесена по извршениот увид во работата на Филхармонија од страна на Комисија именувана од Министерството за култура, на 6 септември.
Образложението за разрешување се повикува на Законот за користење и располагање со работите во државна и општествена сопственост, според кои директорката Иванова требало да постапува совесно, економично, соодветно, уредно, навремено, како и на склучените договори и правилници при издавање на просториите од Филхармонија.
Комисијата открила низа неправилности се наведува во образложението според кое министерката Костадиновска-Стојчевска ги разрешува Иванова и целиот Управен одбор.