Разузнавачката заедница на САД во четвртокот призна дека нејзините агенции имале две теории за потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2, а американскиот претседател Џо Бајден истовремено рече дека ќе го објави целосниот извештај доколку содржи нешто што нему не му било познато.
Како што и претходно известуваа медиумите и истакна претедателот Џо Бајден, според едната теорија на американските разузнавачи коронавирусната болест Covid-19 потекува од контакти на луѓе со заразени животни и, втората, за можна несреќа и „бегање“ на вирусот од лабораторија како извор на глобалната пандемија.
„Разузнавачката заедница не знае точно каде, кога и како првично е пренесен вирусот на Covid-19, но се концентрирала окол две веројатни сценарија“, соопшти кабинетот на директорката на Националната разузнавачка служба, додавајќи дека поголемиот дек од разузнавачката заедница верува дека „нема доволно информации за процена кое сценарио поверојатно“.
Американскиот претседател претходно во средата дека разузнавачката заедница во САД е поделена по прашањето за потеклото на коронавирусот и далиоминал од заразено животно на човек или станува збор за несреќа во лабораториајта. Додаде дека побарал продолжување на истрагата за избувнување на пандемијата на Covid-19.
Во четвртокот Бејден рече дека целосниот извештај на американското разузнавање ќе биде објевен, доколку во него има сознанија кои нему не му биле познати, односно такви кои не ги знае јавноста.
Во четвртокот повторувајќи дека има намера јавно да ги објави нивните резултати, Бајден ги повика националните лаборатории во САД да помогнат во истрагата и разузнавачката заедница да подготват список на специфични барања за кинеската влада и истовремено ја повика Кина да соработува со меѓународните тимови за потеклото на пандемијата.
Претходно во четвртокот Белата куќа објави соопштение според коешто сѐ уште не е исклучена верзија дека коронавирусот поради несреќа во научна лабораторија, алудирајќи на деловите од извештајот на разузнавањето кои протекоа во медиумите, дека тројца научници од кинескиот Институт за вирологија во Вухан (WIV) биле хоспитализирани во 2019 година, неколку месеци пред Кина да ја соопшти информацијата за епидемијата на новиот коронавирус.
Весникот The Wall Street Journal во неделата, повикувајќи се на споменатиот разузнавачки извештај, вели дека тој дава нов увид во поединости за интензитетот на симптомите, за бројот на хоспитализираните лаборанти и времето кога заболеле, може да отвори нова расправа за потеклото на пандемијата на коронавирусот, а би можело да влијае и на проширувањето на истрагата за тоа дали коронавирусот „побегнал“ од лабораторијата.
Белта куќа потоа објави дека претседателот Бајден порчал разузнавањето „да ги удвои напорите во собирањето и анализта на информациите коишто би можеле да нѐ приближат кон конечниот заклучот и повторно да ме известат за 90 дена“, како и дека „во рамките на извештајот, побарав, доколку ќе биде потребно, дополнителни истраги во некои области, вклучително и специфичните прашања за Кина“.
Кинеската амбасада во САД остро реагираше во четвртокот и соопшти дека политизирањето на прашањето за настанувањето на коронавирусот SARS-CoV-2 и за од него почната пандемија на коронавирусната болест Covid-19 ја закочува истрагата, неколку часа откако Бајден изјави дека американската разнавачка заедница е поделена околу тоа како и каде се појавил вирусот. Кина поддржува „сеопфатно истражување на сите рани случаи на Covid-19 пронајдени ширум светот и темелна истрага на некои тајни бази и биолошки лаборатории во целиот свет“, се истакнува во соопштението на амбасадата.
Бајден подоцна во четвртокот замина за Кливленд, а истовремено Белата куќа објави соопштение за јавноста со дел од прашањата на кои претседателот кусо одговарал пред патувањето.
„Тој вети дека ќе ги објави резултатите по 90-дневна проверка по верзијата за истекување од лабораторија, освен доколку не се појави нешто за што тој не бил предупреден“, се наведува во објавата на Белата куќа.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) по неколку одлагање во март објави целосна верзија на извештајот на меѓународниот тим експерти по нивната посета на Вухан за откривање на потеклото на коронавирусот, во кој оцени дека „бегањето“ на Covid-19 од лабораторија го катергоризираше како „кракно малку веројатно“. Во тој извештај се наведува дека новиот вид на коронавирусот „најверојатно“ бил пренесен на луѓето од лилјаците преку сѐ уште неидентификуван посреднички животински вид. Оваа верзија за директното зооно потекло на вирусот стручњаците ја категоризираа „од можна до веројатна“.
Мисијата на СЗО, исто така, ја категоризираше како „можна“ верзијата за појава на коронавурусот во Вухан преку смрзната храна, што се совпаѓа со една од верзиите на Пекинг за можниот „увоз“ на вирусот преку смрзната храна и диви животни увезени од странство.
САД и уште 13 земји тогаш објавија заедничко соопштение во кое изразија загриженост за наодите содржани во извештајот на СЗО и ја истекнаа потребата од „ транспарентна и независна“ истрага за потеклото на Covid-19.