Податоците на израелското разузнавање Мосад кои протекле укажуваат на тоа дека вооружените сили на Украина од почетокот на руската инвазија пред една година загубиле 157.000 војници, како и дека на боиштето загинале илјадници странски платеници, инструктори и војници од земјите членки на НАТО кои се борат на страната на Киев, објави турскиот весник Hurseda Haber.
Весникот, наведувајќи дека станува збор за доверливи податоци на израелското разузнавање кои протекле, наведе бројки за наводните украински загуби во луѓе и опрема.
Така се наведува дека бројноста на вооружените сили на Украина изнесува 734.000 лица (плус 100.000 резервисти), вклучително и војници од земји членки на НАТО кои формално даваат оставки во своите војска, како и доброволци и платеници од странство.
Според тие податоци, без наводи како е дојдено до нив, се наведува дека во речиси едногодишната војна загинале 175.000 украински борци, ранети биле околу 234.000 војници, а заробени се 17.230 борци.
Повикувајќи се на истиот извор, турскиот весник тврди дека загинале и 234 воени инструктори од НАТО, односно американски и британски. Истовремено, загинале 2.458 војници од земјите членки на сојузот, најмногу од Германија, Полска и балтичките земји, кои се бореле во регуларните единици на украинската војска, како и 5.360 наемници.
Наводните израелски податоци говорат и дека украинската војска од почетокот на војната загубила 302 авиони, 2.750 беспилотни летата, 6.320 тенкови и други тешки оклопни борбени возила, 497 самоодни повеќецевни лансири на ракети…
Кон крајот на ноември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во објава на Twitter, меѓу другото, објави дека загинале околу 100.000 украински војници. Но по брзата реакција, тој дел од тонската изјава беше повлечен, а во објаснувањето од ЕК беше наведено дека станувало збор за податоци за севкупно загинати, ранети и исчезнати.
Имајќи предвид дека во Украина веќе се одржаа повеќе кругови на мобилизации, а од социјалните мрежи и медиумите се дознава дека мобилизираните се собираат од улица или од работното место, воените аналитичари проценуваат дека сѐ чини дека украинските загуби во жива сила се зголемени, особено последните месеци во настојувањата да се задржат добро утврдените позиции во Доњецк.
Така минатата седмица поранешниот советник на Пентагон и пензионираниот армиски полковник Даглас Мекгрегор во видео интервју зборувајќи за ситуацијата на боиштето изнесе нови податоци.
„Генералот (главен командант на украинските сили, Валериј) Заслужни се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и со генералот Мајк Мили, шеф на Здружениот штаб. Според изворите, во доверба тој им соопштил дека Украина загубила 275.000 луѓе… Тоа е бројка на неповратни загуби за Украина“ (загинати, исчезнати и заробени), рече Мекгрегор.