Шпанските разузнувачки служби предупредуваат дека во Европа има дури 800 џихадисти, регрутирани од т.н.Исламска држава или Ал Каеда и кои се бореле во Сирија и Ирак, а сега подготвуваат напади низ Европа.
Сите тиа, како што наведуваат шпанските служби, чекаат инструкции. Во Европа се вратилеи 350 Британци од боиштата во Сирја и Ирак и се голема закана за Британија.
Овие џихадисти се слабо обучени и подготвени, но проблем е што се подготвени на се’. Поминале низ минимален тренинг, но се со испрани мозоци и ќе направат се што ќе им наредат претпоставените, кажал анонимен разузнувач за „Тајмс“.
Исто така, весникот наведува дека многу екстремисти биле под надзор, но во меѓувреме им се изгубила трагата. Најдобар пример за тоа е Мароканецот кој го нападна возот на рутата Амстердам-Париз. Шпанските власти знаеле за него, но го изгубиле кога отпатувал во Сирија.
По тој инцидент и претседателот на Франција Франсоа Оланд признал дека неговата земја има проблем.
Нападот на возот е најдобар доказ дека мора да се подготвиме за идни акции на терористите, посочи Оланд.
И шпанскиот министер за одбрана Франциско Мартинез е изненаден колку малку време му треба на младо момче да стане џихадист.
Овие момчиња многу брзо стануваат следбеници на ИСИС, а веќе за некоку недели се фанатици. Местата за нивно врбување одамна се познати – џамии и интернет, додава Мартинез.
Тој воедно сепофали дека Шпанија и Мароко во заедничка операција заробиле 14 осомничени лица за соработка со ИСИС. Наводно, врбувале луѓе да се придружат на џихадисти и да одат на тренинзи во камови во Сирија и Ирак.
Во меѓувреме, објавено е ново видео на ИСИС во кое се прикаѓува момче како со нож му ја отсекува главата на мече-играчка.