Разузнавањето на САД ја обвини Русија дека прави обиди да се меша во изборите за Конгресот

Даниел Ден Коутс,, директор на Националното разузнавање на САД, © AP Photo/Evan Vucci

Русија продолжува да се вмешува во американскиот политички процес и настојува да се вмеша во изборите за Конгресот на САД кои ќе се одржат во ноември, како и во претседателските избори кои ќе се одржат во 2020 година, изјави во четвртокот Дениел Коатс, директор на Националното разузнавање на САД кое ги обединува сите разузнавачки агенции.

„Претседателот ни даде конкретни упатства во однос на прашањето на мешањето во изборите и заштитата на нашиот изборен процес е приоритетна задача. Работиме и продолжуваме да работиме во таа насока“, изјави Коутс на брифингот за новинарите во Белата куќа

„Разузнавачката заедници и натаму ја загрижува заканата за претстојните избори во САД и оние на средината на мандатот и претседателските избори во 2020 година… Исто така, знаеме дека Русите се обиделе да хакираат и да украдат информации од кандидати и функционери“, додаде Коутс истакнувајќи дека Русија не е единствената земја којашто се обидува да ги попречи американските избори.

Илегалните активности вклучуваат настојувања да се попречи гласањето и да се обезбеди незаконско финансирање на кампањи, кибернетички напади врз инфраструктурата за гласање од компјутерски упади насочени на избрани функционери и други, прецизираше Коутст придружуван од другите челници на разузнавачката заедница на САД.

„Што се однесува до руската вмешаност во изборите на средината од мандатот и натаму гледаме опсежна руска кампања на ширење пораки во настојувањата САД да се ослабат и поделат. Ќе продолжиме да ги следиме и да предупредуваме на сите вакви обиди“, додаде Коутс.

Коутс беше запрашан дали кибернетичките напади врз политичкиот процес во САД се по наредба на руските власти или без нивно учество.

„И така, и така. И сакам да додадам дека Русија користи различни видови влијание: со помош на медиумите, социјалните мрежи, интернет ботови и субјекти, коишто таа ги ангажира, сови ‘доверливи лица’… Ги користи сѐ побројни (начини) дури и потенцијално повеќе“, одговори директорот на американската разузнавачка заедница.

Појасни дека тој не да даде поединости за мешањето во изборниот процес кој ѝ се припишува на Русија.

„Но тоа (мешањето) е широко распространето и е во насока на реализација на поставените задачи: да посее раздор и да ги поткопа нашите демократски вредности“, заклучи Коутс.

Покрај тоа, Коутс истакна дека „Русија не е единствената земја којашто е заинтересирана за влијание врз внатрешната политичка ситуација“ во САД. „Знаеме дека има и други, коишто поседуваат средства и, можеби, разгледуваат можности за влијание. Токму тоа е причината зошто ние ќе продолжиме да ги следиме и да предупредуваме на сите такви обиди“, повтори Коутс.

Во овој случај, американската разузнавачка заедница не гледа исти размери на обидите на Русија за мешање во политичките процеси во САД, како во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

„Доколку го споредиме со она што го видовме во 2016 година, пред изборите на средина од мандатот (оваа 2018 година) не станува збор за толку динамична кампања. Знаеме дека во текот на децении Русија се обидуваше да ги искористи своите инструменти за пропаганда и други методи, за да сее раздор во САД. Во моментов не ги гледаме истите упорни обиди од нивана страна“, рече Коутс.

Директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Кростофер Вреј, на истиот брифинг изјави дека Бирото отворило истрага за мешање во изборите во САД. Но, тој не прецизираше на кого конкретно се однесува истрагата.

На истата средба со новинарите во Белата куќа во четвртокот, шефот на Кибернетичката команда на САД и истовремено челник на Агенцијата за национална безбедност (NSA), генерал-полковникот Пол Накасон беше запрашан дали од него било побарано да преземе кибернетички напади против Русија, како одговорот на наводните такви напади од нејзина страна. Тој одби директно да одговори на поставеното прашање и само рече дека претседателот и министерот за одбрана ѝ порачале на неговата агенција „да не дозволи мешање во изборите“.

Американското разузнавање ја обвинува Русија за мешање во изборниот процес во САД во 2016 година. Истрагата за овие наводни обиди да се влијае врз изборите, коишто Москва упорно и одлучно ги негира, трае повеќе од една година а ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер. Во рамките на истрагата беа поднесени повеќе обвиненија, меѓу кои и за петмина Американци, повеќето членови на кампањата на сегашниот претседател Доналд Трамп, и против еден Холанѓанец. На 13-ти јули беше објавено дека во рамките на истата истрага се поднесени и обвиненија за 12 руски државјани, коишто наводно се поврзани со руското воено разузнавање.