Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе го скрши вооружениот бунт, откако шефот на побунетите борци на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин во саботата рече дека наводно ја преземал контролата врз воени објекти во јужниот град Ростов на Дон на границата кон Украина во неговиот обид да го собори воениот врв.
Драматичниот развој на настаните, со сѐ уште многу нејасни поединости, изгледа како најголемата домашна криза со којашто Путин се соочува откако е на власт и особено откако Русија ланскиот февруари ја започна инвазијата во Украина.
Во телевизиското обраќање Путин рече дека „претераните амбиции и личните интереси доведоа до предавството“, а бунтот на одредени единици на „Вагнер“ го нарече „заривање нож во грбот“ на Русија и рускиот народ и вети „жестоки“ дејствија во „одбраната од таквите закани“ чија цел е поткопување на руското единство со крајна цел закана по опстанокот на земјата.
„Сите оние кои свесно стапија на патот на предавство, кои го подготвувале вооружениот бунт, кои тргнаа по патот на уцени и терористички методи, ќе ја сносат неизбежната казна, ќе одговараат и пред законот и пред народот“, рече Путин/
Пригожин бараше министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот генералштан Валериј Герасимов, кои ги критикува, како што вели, за „катастрофално водење на војната“ во Украина, да дојдат во Ростов на Дон.
Пригожин во една од ноќните аудио објави на социјалните мрежи рече дека има 25.000 борци кои ќе ја „вратат правдата“ и наведе без да даде поединости или докази дека руската војска убила голем број борци на „Вагнер“ во воздушен напад, што го негираше руското Министерство за одбрана.
Единциите на „Вагнер“ беа ангажирани во заземањето на украинскиот утврден град Бахмут (Артјомовск на руски) во доминатно руската југоисточна област Доњецк, а Пригожин го обвинуваше Шојгу и Герасимов за неспособност во планирање на операциите и дека на неговите борци не им доставуваат муниција и поддршка.
Во петокот се чинеше дека Пригожин мина уште една линија во конфронтираноста со рускиот воен врв, велејќи дека образложението на Путин за инвазијата во Украина пред 16 месеци било темелено врз „лаги кои ги измислол“ воениот врв. Рускиот претседател во говорот во најавата на „специјалната воена операција“ во Украина, имено, покрај амбициите на властите во Киев да дојдат до нуклеарно оружје и да постави бази на НАТО на украинска територија со ракетни системи директно насочени кон Русија особено ја истакна планираната воена операција на Киев за воено решение со погром и етничко чистење на доминатно руско и рускојазичните региони Доњецк и Леуганск кои самопрогласија независност по преватот во Киев во 2014 година.
„Војната беше потребна…. за да Шојгу може да стане маршал… за да може да го добие вториот медал херој (на Русија). Војната не беше потребна за Украина да се демилитаризира или денацизира“, рече Пригожин во едно од серијата налудничави видео-обраќања зборувјќи повторно за обраќањето на Путин.
Во една од бројните избезумени аудио-пораки од ноќта кон саботата, Пригожин јасно порача дека оди во ескалација на судрирот со војската.
„Оние кои ги уништија нашите момчиња, кои уништија животи на повече десетици илјади руски војници, ќе бидат казнети. Молам никој да не пружа отпор…“, рече Пригожин.
„Нѐ има 25.000 и ќе сфатиме зошто се случува хаос во земјата“, рече во друга објава Пригожин ветувајќи дека ќе ги „уништи сите контролни точки или воздушни сили кои ќе му застанат на патот“ на „Вагнер“. Подоцна рече дека неговите борци во судири со редовните воници и дека урнале руски воен хеликоптер.
Наводен неименуван руски безбедносен извор за британската новинска агенција Reuters реко дека борците на „Вагнер“ наводно ја преземале контролата над воени бојекти и во градот Вороњеж, околу 500 километри јужно од Москва. Агенцијата притоа наведува дека не можела независно да го потврди ова тврдења ниту многуте тврдења кои ги изнесе Пригожин.
Руската внатрешна разузнавачка агенција Федералната служба за безбедност (ФСБ) отвори кривична постапка против Евгениј Пригожин за дело „вооружен бунт“ и порач дека неговите изјави се „повик на започнување вооружен граѓански судир на руска територија“.
„Го повикуваме борците на ‘Вагнер’ да не права непоправливи грешки, да престанат со секакви насилни активности против рускиот народ, да не извршуваат злосторнички и предавнички наредби на Пригожин, да преземат мерки за негово притворање“, додаде во објавата ФСБ.
Руската новинска агенција ТАСС го цитира портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека сите руски безбедносни агенции и служби ги известуваат претседателот Владимир Путин „24 часа на ден“.
Во Москва се зајакнати безбедносните мерки, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин на својот Telegram канал.
Во Вашингтон американскиот претседател Џо Бајден е известен за ситуацијата во Русија, изјавил за медиумите портпарол на Белата куќа.
Воен конвој
Околу 2 часот по полноќ кон средата Евгениј Пригожин објави порака на паликацијата Telegram во која рече дека неговите бориц се во Ростов на Дон каде преминале од територијата на Украина и дека се подготвени да „одат до крајот“ притв воениот врв и да го уништат секој што ќе им застане на патот.
Околу 5 часот утрото властите на регионот Вороњеж, на автопатот М-4 меѓу регионалниот главен град Ростов на Дон и Москва, објави на Telegram дека воен конвој се движи по автопатот и ги повика жителите да го избегнуваат користењето на таа рута.
Снимки со непроверена и непотврдена автентичност објавени на социјалните мрежи покажуваат конвој од разни воени возила, вклучително и најмалку еден тенк и едно оклопно борбено возило. Не е јасно каде се снимени, нотиу дали во камионите биле борци. Некои возила носат русо знаме.
Снимките на каналите со седиште во областа Ростов прикажуваат вооружени лица во воени униформи како пешки минуваат крај седиштетот на регионалната полиција во градот Ростов на Дон, како и тенкови поставен пред командата на рускиот Јужен воен округ.
Агенцијата Reuters ги потврди прикажаните локации, но не можела да утврди кога снимките се напаравени.
Некои воени аналитичари сметаат дека оваа ситуација можеби е фингирана или дека секако Москва ќе ја искористи за придвижување на големи трупи кон југоистокот на границата со Украина, можеби, подготвувајќи се за голема противофанзива како одговор на украинската започната на почетокот од јуни но засега со слаб интензитет.
Пригожин продолжува со видео објавите
Евгениј Пригожин негираше дека се обидувал да изведе воен удар. Рече дека ги повел своите борци од Украина во Ростов, каде водеото коешто го објави Telegram каналот на маркетингот на „Вагнер“ прикажива како наизглед опуштено разговара со двајца генерали во штабот на големиот руски Јужен воен округ.
„Дојдовме овде, сакаме да ги примиме начланикот на Генералштабот (Валериј Герасимов) и (министерот за одбрана Сергеј) Шојгу. Ако тие не дојдат, ние ќе бидеме тука, ќе го блокираме градот Ростов и ќе тргнеме кон Москва“,
им вели во снимката Пригожин на генералите кои не се идентификувани.
Руски локални функционери велат дека воениот конвој навистоина се движи по главниот автопат.
Армискиот генерал-полковник Владимир Алескиев објави водео-апел барајќи од Евгениј Пригожин да ги преиспита своите постапки.
„Само претседателот има право да го именува највисокот водство на вооружените сили, а вие се обидувате да задирате во неговите овластувања“, порача Алексиев.
Видео се непотврдена автентичност објавено на Telgram канал близок на групата „Вагнер“ прикажува наводна сцена од воздушен напад врз единиците на паравојската. На снимката се гледа шума во којашто гори помал пожар и најмалку едно безживотно тело, но нема директни докази за нападот кој го негираше војската.
„Ракетен напад изведен е врз камповите на приватната воена компанија ‘Вагнер’. Многу жртви. Според зборовите на очевидци, ударот е изведен од грб, односно го изведе војската на руското Министерство за одбрана“, пишува во описот на снимкаа.
Министерството за одбрана во врска со овие наводи објави кусо соопштение нарекувајќи сите тврдења лажни.