Развојната банка на БРИКС најавува заеми од 5 милијарди долари во 2024-та

Развојната банка на групата БРИКС на најголемите економии во развој има намера да одобри заеми во вкупна вредност од околу пет милијарди долари оваа година, изјави во вторникот нејзиниот потпретседател Џоу Чиангву.

„Епидемијата до одреден степен влијаеше на нашето работењес, но сега се враќа во нормалата“, изјави Џоу за Reuters на маргините на годишната конференција во Боао.

Тој не прецизирaл со какви потешкотии се соочила банката за време на пандемијата, велејќи само дека малку повеќе инвестиции биле насочени кон Кина и Индија отколку кон другите членки на БРИКС.

Во 2020 година, според податоците на официјалната веб-страница, банката издвои 20 милијарди долари за мерките за поддршка на економиите-членки за време на пандемијата.

Групата БРИКС е формирана во 2013 година од Кина, Русија, Индија, Јужноафриканската Република и Бразил, а оваа година им се приклучија Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија и Египет.

Новата развојна банка на БРИКС е основана во 2015 година. Нејзиното седиште е во Шангај, а нејзината задача е финансирање на инфраструктурни и развојни проекти.