„Развреднетите“ директори на Нефрологија предвреме и забрзано тераат тендер за информатичка опрема

“РАЗВРЕДНЕТИТЕ” ДИРЕКТОРИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПРЕД ВРЕМЕ И СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО ТЕРААТ УШТЕ ЕДЕН ТЕНДЕР ЗА ИНФОРМАТИЧКА ОПРЕМА, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат преземање на законски мерки.

-Организацискиот и медицинскиот директор на Клиника за нефрологија особено во последна минута се заинтересираа за јавните набавки. Во моментов реализираат набавка од планот за јавни набавки што треба да се објави во октомври и ноември, односно три или четири месеци порано.
Освен набавката за реализирање тендер за молерисување ѕидови во последен момент по секоја цена денес до Комисијата за здравство пристигнаа информации и дека забрзано и пред време се реализира и нова набавка на информатичка опрема во вредност од 610 000 ден.
Вакво самоволие е недозволиво и за овој и сите вакви случаи ќе бидат преземени сите законски мерки.