Реџеп Таип Ердоган ги смени амбасадорите во Шведска и во Финска

Според официјалниот весник на турската влада „Ресми Газета“, Ердоган назначил нови амбасадори во 25 земји, а Дениз Чакар, кој беше генерален директор за меѓународна промоција и култура, е назначен за амбасадор во Финска, додека Јан Тезељ, кој беше директор генерал за билатерални политички прашања во турското Министерство за надворешни работи, стана амбасадор во Шведска.

Поради настаните во Украина на 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во алијансата, но Турција се противи.

„Турција нема да го поддржи членството на Шведска и Финска во НАТО“, изјави претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чија земја е членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор.