Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, денеска пред да влезе во Собранието истакна дека ќе гласа за да падне Владата, но нема да биде дел од Влада која е антиалбанска и против Европската унија.
„Јас сум опозиција, секако дека ќе гласам да падне Владата“, рече Реџепи.