
Мирен со чиста совест и сигурен дека нема поголема доблест да избереш својата земја да ја водиш на патот на заедништвото, патот на НАТО и ЕУ. Во интерес на својата земја самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата со цел земјата да не замине по патот на назад, изјави денеска претеникот Кастриот Реџепи.
Реџепи, на прес-конференција со Собранието, им честита на сите граѓани за тоа што, како што рече, земјата уште еднаш го избрала вистинскиот, западниот пат по кој оди.
– Се надевам дека во деновите кои следат разумот ќе надвладее. Верувам дека се можни мостови и јас верувам дека ќе бидам еден од тие мостови. Сега е потребно решавање на проблемите на државата, порача Реџепи.
Нагласувајќи дека е сојузник на своите граѓани, и на Албанците и на Македноците и сите кои гледаат напред, Реџепи, рече дека одлуката ја донел во интерес на евроинтеграциите на земјата и дека совеста му велела дека „некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, и овојпат тоа си ти“.
На прашање зошто се потпишал на иницијативата за недовверба на Владата, а потоа не гласал, објасни дека потпишал во моментот кога Заев поднел оставка по локалните избори затоа што не знаел дали новиот мандатар ќе ги одржи релациите со постојното мнозинство. Потоа, Реџепи, ја спомна и одлуката на ДИК за Желино, како и најавите на странските политичари за македонските евоинтеграции во декември. Во тој контекст, тој ги спомна изјавите на Макрон и на Руте.
Тој на прес конференција посочи дека првично размислувал да дојде на седницата за гласање недоверба на Владата и да гласа против, но откако видел дека владејачкото мнозинство нема да биде присутно сфатил дека ќе биде цел на вербално, па дури и физичко насилство.
„Јас не бев сигурен за мојата безбедност и интегритет, дека нема да бев цел на вербални напади, а да не зборувам и на физички“, рече Реџепи.
Тој кажа дека имало одредени притисоци врз него изминатиот период и за тоа има пријава кај надлежни институции.
„Во текот на денот добив пораки, кои се пријавени во соодветни институции. Тоа се порака за закани по живот и поради тоа, имам обезбедување, не на мое барање“, рече Реџепи.