Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој денеска се пишмани од соборувањето на Владата, пред дваесеттина дена на фејсбук објави дека Движењето Беса е подготвено за нова Влада без ДУИ, пренесе тогаш порталот ИН7.
-После првиот круг:
Потпретседателот на АА рече ние ќе ги поддржиме кандидатите на Беса, но тие треба да ни направат атер, да побараат поддршка.
Портпаролот на Алтернатива рече ние не го поддржуваме кандидатот на Беса во Тетово.
Генералниот секретар на Беса и АА пиеја кафе и ручаа
Претседателот на ДПА рече дека Теута се чуди зошто се против неа во Тетово, иако таа не заслужува ниту еден глас и дека ДПА е секогаш во опоненција со ДУИ.
Вчера:
Претседателот на ДПА рече дека постои договор за поддршка на ДУИ.
Денес:
Генералниот секретар на Движењето Беса ги покани членовите да ги поддржат кандидатите на АА и апелираше и тие да го сторат истото и да ги поддржат кандидатите на Беса.
Генералниот секретар на АА ја поздрави поддршката од Беса и ги повика поддржувачите на АА да ги поддржат кандидатите на Беса во Тетово и Желино.
Сега останува само Алтернатива да се изјасни за поддршка на кандидатите на Беса и Беса да ги поддржи нив.
На овој начин ќе се докаже дека сакаме да ја направиме промената во албанскиот блок почнувајќи од локалната власт.
Што се однесува до новото парламентарно мнозинство без ДУИ што го спомена Арбен Таравари, тоа треба да биде ден поскоро“, напиша во својот пост Кастриот Реџепи.
Меѓутоа, од докрај непознати причини, денеска кога беше закажана седницата на којашто требаше да се гласа за недоверба на владата водена од СДСМ и ДУИ, не се појави во Собранието правдајќи се дека наводно од „дипломатски извор“ добил уверување дека во декември Македонија ќе добие датум за почетокот на пристапните преговори со Европската унија.
Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами, во четвртокот пристигна во Собранието, со цел, како што изјави при доаѓањето, „да види што се случува“.
„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“, истакна Касами при влегување во парламентарниот дом, најавувајќи дека дополнително ќе даде изјава.
Касами додаде дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, кој преку Фејсбук најави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев.
„Не, од ништо не сум изненаден“ додаде Касами.