Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Рејтинг на Спасов со леснотија го прави црниот пиар на СДС, кога во ек на власт доби 10 милионски бизнис.
Агенцијата Рејтинг нема никаков проблем да го прави црниот ПР на СДС кој се состои само од лаги и измислици, кога газдата на Агенцијата, Спасов во време на СДС изгради фотоволтаична централа, вадејќи ги сите дозволи.
Бизнисот со фотоволтаичната централа на Спасов годишно може да генерира и до половина милион евра, што за 20 години се 10 милиони евра.
Сега е разбирливо зошто Спасов штелуваше и анкети, а и зошто сега глуми главен ПР мајстор во СДС. Јасно е и зошто ПР се темели на лаги и измислици. Јавноста јасно може да види како функционира СДС и што ги држи заедно.