Реакција на адвокатот Дуковски на интервјуто на Русковска: Многу ниско, три пати ни го одбија вештачењето на телефонот на Боки!

Aдвокатот Сашо Дукоски реагира на верашното интервјуто на обвинителката Вилма Рускоска на Канал 5. Тој вели дека во емисијата биле изнесени ноторно неточни наводи во врска со случаите „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“, пишува порталот Пресинг.

Дукоски во три искази ја демантира Рускоска – вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски, поистоветување на вештачење со писмено известување и за здравствена состојба на Боки.

– Одбраната на три пати бараше телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски да се вештачи. За прв пат по завршување на истрагата кога во рок од 15 дена како одбрана побаравме дополнување на истрагата со писмен поднесок да се вештачи телефонот, на кое писмено барање бевме одбиени од страна на обвинителството со штуро образложение од два реда.Втор пат баравме во текот на судската постапка да Судот(бидејќи обвинителството одби) да му нареди на ЈО да го даде телефонот на вештачење на нашиот технички советник. Бевме одбиени од страна на судот.Трет пат баравме ,во дополнение на доказна постапка при крајот на главната расправа пред судот,телефонот да се вештачи И,повторно бевме одбиени.Ова го пишувам дека ТРИ ПАТИ бевме одбиени да се вештачи телефонот,за што постои писмена документација .И ,тоа обвинителот многу добро го знае затоа што е потпишана на поднесокот за одбивање на барањето за вештачење и учествуваше во главната расправа, па навистина не ми е јасно како може да го изјавува тоа што вчера го изјави дека јас сум се согласил телефонот да не се вештачи? Секако  ултра невистинито – вели Дуковски.

Во цитираната емисија, додава бранителот на Бојан Јованоски, на недозволиво непрофесионален, а особено неколегијален начин јавниот обвинтел наведе дака, тој заедно со обвинетиот Боки13 „ја залажувале“ јавноста за тешката здравствена состојба на Јовановски затоа што на крајот се испоставило дека станува збор за „прскање на обичен чир“.

– Ова е многу ниско! Пред се ,обвинетиот, од денот на притворањето 15.07.2019 година до итната операција на ден 8.09.2020 година беше околу 60 пати на специјалистички прегледи и интервенции!Шеесет пати! Тие прегледи беа поради тоа што обвинетиот се наоѓал во извонредна здравствена состојба??? Зошто обвинителот не ја информира јавност дека кога обвинетиот итно беше однесен во болница и опериран на ден 8.09.2020 година ,од стомачната шуплина му беа извадени два литра гној и течност??? Зошто не ја информираше јавноста дека ако не се извршеше ИТНА операција, два часа по примањето во болница обвинетиот ќе добиеше сепса и сега ќе беше покоен???

За фактот дали има или не карцином, само ќе го потсетам јавниот обвинител дека на обвинетиот 5 пати му е земан материјал од желудникот за да се утврди дали има или не карцином. Лекарите кои го прегледувале обвинетиот а не јас, се посомневале во карцином во желудникот на Бојан Јовановски па затоа и го анализирале материјалот. Зошто на здрав човек не му се зема материјал од желудник за да се утврди дали има карцином или не?Јас давав изјави за карцином врз основа на суспект на лекар специјалист а не на „рекла-кажала“ особено не заради „залажување на јавноста – вели Дуковски.