Реакција на Амбасадата на САД во Бугарија на Луковмарш

Амбасадата на САД во Бугарија издаде соопштение во кое реагира на денешниот Луковмарш, јави дописникот на МИА од Софија.

Амбасадата на САД дава целосна поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи, кое се спротивстави на церемонијата организирана во спомен на генерал Христо Луков. Амбасадата на САД изрази поддршка за сојузниците и партнерите од дипломатската заедница, граѓанското општество и политичките партии во Бугарија, кои ја осудија идеологијата на омраза и нетрпеливост, што ги симболизира маршот. Неопходно е сите да се обединат против омразата, антисемитизмот и повиците на насилство, се наведува во соопштението на Американската амбасада во Софија под хаштагот #NoHate.