Британската влада е „длабоко загрижена“ поради смртните казни изречени на Британците Ејден Аслин (28) и Шон Пинер (48), кои беа заробени додека се бореле за Украина, објави Даунинг стрит.
„Очигледно е дека сме длабоко загрижени за ова. Постојано кажувавме дека воените заробеници не треба да се експлоатираат за политички цели. Знаете дека според Женевската конвенција, воените затвореници имаат право на имунитет на борците и не треба да бидат кривично гонети за учество во непријателствата. Ќе продолжиме да работиме со украинските власти за да се обидеме да обезбедиме ослободување на сите британски граѓани кои служеле во украинските вооружени сили и кои се држат како воени заробеници“, изјави портпаролот на премиерот, во соопштение.
Во меѓувреме, министерката за надворешни работи Лиз Трас рече дека „целосно ја осудува“ пресудата на Британците.
„Тие се воени заробеници. Ова е лажна пресуда без апсолутно никаков легитимитет. Моите мисли се со семејствата. Продолжуваме да правиме сѐ што можеме за да ги поддржиме“, рече таа.
Judge reads death sentence to foreign mercenaries who fought on Ukrainian side in Donbass pic.twitter.com/pluOv4uqjj
— Spriteer (@spriteer_774400) June 9, 2022