Реакција на колумната за избор на нов ректор на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје од кандидатот проф.др. Изет Зеќири.
Јас избраниот ректор проф. Др. Изет Зеќири дописен член на МАНУ, на почеток сакам да напоменувам дека во колумната има многу невистини за мојот избор за ректор.
Прво јас не сум партиски човек и не сум член на ни една политичка партија.
Второ, Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје постапката за избор на Ректор ја спроведе транспарентно и законски почитувајќи ги критериумите наведени во член 97 од Законот за високо образование и согласно член 162 од Статутот на УМТ.Исто така е испочитувана и одредбата од член 97 став 16 од Законот за високо образование, дека вршењето на должноста Ректор е неспојлива со партиска и друга јава функција.,за која јавноста знае.
Јас како кандидат за ректор во интерес на вистината хронолошки ве информирам за процесот на избор на Ректор на УМТ за мандатниот период 2022/2025.
1. Сенатот на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје на ден 22.12.2021 ја отпочна постапката за избор на Ректор на УМТ и на истата седница со Одлука бр.02-1997/1 формираше 7-члена Универзитетска изборна комисија.
2. Сенатот на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, на истата седница согласно член 97 став 3 од Законот за високо образование (“Службен весник” на РМ бр.82/18 и “Службен весник” на РСМ бр.178/21) и согласно Статут на УМТ, донесе Одлука за објавување на јавен оглас бр.02-1998/1.
3. Јавниот оглас е објавен на 18.02.2022 год. во дневните весници “Слободен печат” и “Коха”, и на веб страната на универзитетот. Огласот траеше 7 дена до 28.02.2022 (истиот можете да го најдете на веб страната на Универзитетот)
4. Универзитетската избора комисија во периодот помеѓу 18 и 28.02.2022 до деканите на единиците има доставено барање за формирање на изборни комисии на единиците и доставување на избирачки список (состав на наставно научните совети), кои истите се доставени навреме и сите факултети имаат формирано петчлена изборна комисија и тоа:
– Факултет за технолошки науки со Одлука бр. 02-122/1 од 25.02.2022 год.
-Факултетот за технички науки со Одлука бр.02-119/2 од 25.02.2022 год.
-Факултетот за информатички науки со Одлука бр.02-32/2 од 25.02.2022год.
-Факултетот за социјални науки со Одлука бр.02-156/1 од 24.02.2022 год.
-Факултетот за градежништво и архитектура со Одлука бр.02-316/6 од 16.03.2022
5. Вреди да се спомне дека УИК постапката за избор на Ректор на УМТ ја водеше согласно ЗВО, Статутот на УМТ, Упатсвото за постапката за ибор на Ректор и Роковникот на активности.Последните два документи можете да ги најдете ма веб страната на универзитетот.
6. По завршување на рокот за пријавување на кандидати за Ректор УИК со Решение бр.02-365/1од 02.03.2022 ја утврди листата на кандидати за избор на ректор за мандатен период 2022/2025 со која утврди дек проф.д-р.Изет Зеќири е единствен кандидат на пријавениот оглас и согласно Роковникот на активности се одлучи гласањето да се одржи на 24.03.2022 почитувајќи го ЗВО и Статутот на УМТ од 12:00 до 14:00 часот.
7. Канидатот за Ректор одржа јавно презентирање на Програмата за работа пред академскиот кадар на Универитетот МајкаТереза во Скопје на 16.03.2022 год.
8. На 23.03.2022 година УИК на ИК на единиците им одржа презентација за начинотт на гласање, ги определи местата за гласање за секоја единица посебно како и ги провери просторните услови.
9. УИК на 24.03.2022 година, помеѓу 09:00 и 11:00 часот записнички го предаде изборниот материјал (гласачки ливчиња,записници и извештаи, гласачки кутии) на секоја ИК на единиците на универзитетот.
10 .Гласањето се одвиваше на 24.03.2022 год. помеѓу 12:00 и 14:00 часот. Изборните места беа отворени точно во 12:00 часот и беа затворени во 14:00 часот.
10. Во 14:00 часот сите ИК во присуство на овластените наблудувачи именувани од кандидатот за ректор,ги отворија гласачките кутии и согласно формулата дадена во Уаптството се утврдени бројот на добиени бодови за кандидатот за двете опции За и Против.
11. По утврдените бодови резултатите и целосниот изборен материја е доставен записнички до УИК, која по проверка на истиот и сумирање на резултатите од сите единици утврди дек кандидатот проф.д-р.Изет Зеќири има освоено 98% од гласовите ЗА.
12. Согласно наведениот резултат УИК на 24.03.2022 донесе Одлука бр.02-483/2, и стата е доставена до кандидадот и објавена на веб страната на универзитетот.
13. На истата Одлука напишана е правна поука за доставување на приговор во рок од три дена по што Одлуката станува правосилна доколку нема поднесен приговор во дадениот рок.