Во однос на објавениот текст со наслов: Граѓаните реагираат на нетранспаретно носење на ДУП-от во Кисела Вода, од Општина Кисела Вода уверуваат дека за носењето на Детален урбанистички план Градска четврт Ј14, минатиот месец на 25 октомври преку ЈАВНА ОБЈАВА во два дневни весници и залепени соопштенија по урбаните заедници ја информираше јавноста.
Доказ за доброто информирање е бројката на присутни граѓани на презентацијата, велат во реакцијата на Општионата
Се наведува и дека ДУП-от уште е на јавна анкета, како и дека граѓаните до четврток може да доставуваат анкетни листови.
„Како што може да се види на фејсбук профилот на почитуваниот новинар Дарко Чекеровски, истиот бил запознат, односно за ДУП-от објавил фејсбук статус на 28 октомври пред одржувањето на јавната анкета и презентација“, се заклучува во реакцијата