Фотографијата што лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја објави на Фејсбук од арената „Филип Втори“ каде вчера Шкендија го одигра натпреварот против белгиски Гент, предизвика бурни реакција на социјалната мрежа.
Граѓаните видно револтирани, го прашуваат Заев дали некогаш дошол да ги бодри Вардар или Работнички или пак присуствувал на вчерашниот натпревар во обид да собере некој политички поен.
Корисниците на Фејсбук не го кријат својот револт од тоа што Заев присуствувал таму каде Македонија се понижува, каде се вееле знамиња на голема Албанија, УЧК, и знамиња со ликот на балистот убиец на партизаните, Џемо Хаса.
Истите му порачаа дека Македонците тоа нема да го заборават и нема да му простат.