
Кристијано Роналдо не беше доволно подготвен за Суперкупот на Европа, па средбата во Скопје ја започна на клупата за резерви но и таму беше интересен за медиумите од Шпанија
Зинедин Зидан на прес конференцијата порача дека играчот е подготвен за настап, но Кристијано Роналдо не беше стартер, и на теренот се појави само во завршните петнаесет минути.
ЦР7 е голема ѕвезда, па медиумите од Шпанија внимателно го следат и на клупата за резерви, и имаа една камера само за него.