![Proslava-NATO](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/Proslava-NATO.jpg?resize=640%2C336&ssl=1)
Под мотото „Голема граѓанска прослава Македонија во НАТО и ЕУ” владата објави дека ќе прославува во сабота во 15 градови, а на социјалните мрежи и во контактните емисии се разви огромно незадоволство бидејќи Владата со ова прави евтин ПР, со оглед на тоа дека државава не доби ниту чиста покана за НАТОм ниту датум за преговори.
Владата претходно, пред речиси еден месец склучила рамковни договори за ангажман, чии суми остануваат тајна. Пејачите, барем добар дел од нив, и не знаат за која цел ќе пејат ниту дека стануваат предводници на една кампања за промена на името, која се наоѓа на удар на јавноста.
Меѓу нив е и познатиот ди-џеј Гоце од САФ.
„За другите не можам да коментирам, ама САФ и Конкверинг никогаш не би прифатиле настап на партиски настан. Сме договорени за културен настан на 14-ти за ЕУ во Струга. Тоа значи дека не смее да има на бина партиски обележја, водители, луѓе од власт / партија како говорници и слично, напиша ди-џеј Гоце на Twitter.
Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија, порачуваат од бендот Conquering Lion.
![„Conquering Lion“: Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2018/07/lion.png?resize=480%2C640&ssl=1)
Групата Conquering Lion преку ФБ статус со јавноста го сподели своето „искуство“ околу ангажирањето на настанот од страна на Владата на Република Македонија.
Во статусот кои ви го пренесуваме во целост тие велат дека тие не знаеле за каков настан станува збор и веќе потпишале.
-Добри људи! Би сакале да ви ја разјасниме целата ситуација околу денешните настани. Пред се станува збор за едно големо недоразбирање. Како што знаете еден бенд работи со повеќе booking агенти и вакви недоразбирања може да се случат доколку некоја информација биде скриена, не проследена, заглавена во спам и слично… Во нашиот случај при размената на информации во врска со настанот и концертот на Conquering Lion не информираа дека станува збор за културен настан на кој ќе настапуваат повеќе артисти низ повеќето градови во Македонија без присуство на политички странки, говори, пропаганден матерјал и слично, стои во нивниот статус.
Понатаму од групата додаваат дека „како што се испоставија работите испадна дека повеќето артисти не знаеле за каков тип на настан станува збор, меѓутоа некои од нас веќе имаа потпишано договор за настап на културен настан за кој немаше подетални информации и сега нема назад. Ако може нешто позитивно да се извади од целата ситуација е дека нашата порака останува јасна и гласна и ќе биде пренесена и на овој концерт како и на сите претходни. Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија, но се надеваме ќе разберете во која ситуација се најдовме без да сакаме и самите ние. Не смее да се исклучи идејата дека можеби настапот во центарот на Бабилон може да биде многу влијателен и да остави печат. На крајот на денот секој има право на свое мислење и затоа какви и да се вашите одлуки ќе бидат почитувани.
Една Љубов
Conquering Lion, стои во нивниот ФБ статус.