СДСМ ги демантира лагите и измислиците на провладиниот „Курир“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка.
Очигледна е нервозата кај власта штом решила со лажни, целосно измислени текстови да се брани за прашањата кои што јавноста ги поставува за луксузниот одмор на Никола Груевски.
И наместо да измислува и да лаже, власта нека одговори:
На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција?
Дали луксузниот одмор на Груевски го плаќаат македонските граѓани и колку чини?
Колку вкупно лица го придружуваат Никола Груевски и кој го плаќа нивниот ангажан?
Која е основата некој друг да го плати одморот на Груевски и дали овој поклон е уредно пријавен од страна на Груевски?
Бидејќи лагите, измислиците и тенденциозните дезинформации кои ги пласира „Курир“ во споменатиот текст го нарушуваат угледот и честа на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета бараме извинување од порталот „Курир“ и повлекување на објавените невистини.
Исто така бараме повлекување на објавените невистини и од сите медиуми кои ќе го пренесат спорниот текст.
Во смисла на став 2 и 3 од истиот член бараме извинувањето да биде објавено на исто место и ист обем како и спорниот текст.
Во спротивно, ќе следува судска постапка.