Минстерството за труд и социјална политика реагира на денешниот текст објавен на нашиот портал, под наслов: „Врие во МТСП: Се нарушува правото на годишен одмор по налог на Ременски“.
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
Недозволив е организациски хаос во Министерството за труд и социјална политика.
Недозволива е кадровска преполовеност во Министерството и во институциите под негова надлежност, а да нема кој да одговори на предметите, барањата, жалбите, на најчувствителната категорија на граѓани, примателите на социјална помош.
Загрозено е законското постапување по предметите, според конкретни рокови токму поради ваквиот досегашен начин на работа, што се одразува директно на штета на граѓаните приматели на социјална помош.
Законско право и обврска на министерот и на државниот секретар е да се грижат за организација на работата на Министерството и навременото извршување на работните задачи.