
Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приходи во сезоната 2023/24.
Реал Мадрид го зазеде првото место во рангирањето. „Кралскиот клуб“ е првиот клуб во историјата чиј приход за сезоната надмина 1 милијарда евра и изнесуваше 1,046 милијарди.
Во првите три клубови со најголема заработка се и Манчестер сити (838 милиони евра) и ПСЖ (806).
Шест клубови од Премиер лигата влегоа во топ 10 на листата. Покрај Манчестер Сити, во првите десет се најдоа и Манчестер јунајтед (4. место, 771), Арсенал (7., 717), Ливерпул (8., 715), Тотенхем (9., е, 615) и Челзи (10. 546).
Во Топ 10 се и: Баерн Минхен петтото место (765), како и Барселона на шестото место (760).