Во последните натпревари од шпанското фудбалско првенство гигантите Барселона и Реал Мадрид по долги години сезоната ја завршија без победи, новиот шпански шампион ремизираше на гости, а ланскиот европски првак дома беше поразен.
Еибар поведе во 20 минута прекуи Кукуреља, но Меси направи резултатски пресврт во 31 и 33 минута со двата експресни гола од кои вториот во неговиот препознатлив стил кога ја поткопа топката и го префрли голманот. На конечните 2:2 израмни Де Бласис во 45 минута.
Барселона, којашто од поодамна ја осигури својата 26-та титула првенството го заврши со 87 бодови, 11 повеќе од второпласираниот Алтетико Мадрид, а 19 повеќе од третиот Реал Мадрид. Еибар со 47 бодови заврши 12-ти на табелата.
Претходно во неделата Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ со 0:2 (0:0) беше поразен од Бетис, за кој стрелци беа Морон во 61 и Хесе во 75 минута. Бетис благодарејќи на победата се искачи на десеттото место на табелата со 50 бодови.