Шпанските фидбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона изборија пласман во осминафинелото од Купот на кралот, додека за изнанадувањето на денот се погрижи третолигашот Алтетико Балерес кој ја елиминираше Селта Виго со 3:1.
Раал на гостувањето го победи третолигашот Алкојано со 3:1. Домашните добро се држеа до последните 15 минути, кога „Кралевите“ го направија завршниот удар со два погодока. Реал поведе во 39 минута преки Едер Милитао, а израмни Даниел Вега во 66 минута. Но гостите до крајот ги отстранија сите дилеми преку Марко Асенсио во 76 и две минути подоцна со автоголот на Хозе Хуан.
Барселона многу потешко од очекуванот се избори за победата од 2:1 на гостувањето кај третолигашот Ленарес. Домашниот поведоа во 19 минута со голот на Хуго Дијаз и сѐ до 63 минута го одржуваа водството. Во таа минута израмни Усман Дембеле, а шест минута подоцна пресвртот го напрви Феран Хутгла. Пресвртот Барса со направи дури откако Чави во игра ги внесе Дембеле, Пике и Френки де Јон.
Изненадувањето дојде во третото соочување меѓу третолигаш и прволигаш, во кое Атлетико Балеарес со 2:1 ја порази Селта Виго. Двата гола за домашните ги постигна Мануел Мартинез, во 17 и 76 минута, а за гостите стрелец беше Браис Мендез во 67 минута.
Реал Бетис без поголеми проблеми на гости го совлада второлигашот Вајадолиод со 3:0, а стрелци беа Вилијам Крваљо во 24, Набил Фекир во 77 и Борха Илесиас во 90 минута.
Реал Сосиедад во Леганес го победи истоимениот второлигаш со 3:2. Баскикците на поливремето водеа со 2:0 головите на Алескандр Исак во 9 и Микел Ојазарбал во 43 минута, но Леганес се врати преку двата погодока на Јуан Муњоз во 60 и 70 минута. Сепак, тимот од Сан Себастијан дојде до победата со вториот гол на Ојазарбал од пенал во 74 минута.
Мајорка со головите на Жозеп Гаја во 68 и Анхел Родригез во 82 минута на гости го совлада Еибар кој прв дојде во водство во 45 минута со голот на Густаво Блангко Лешчук.
Рајо Валјекано, за кого повторни не бренеше Столе Димитриевски, на гостувањето со голот на Андрес Мартин во 67 минута беше подобар на гостувањето кај нисколигашто Мирандес.
Валенсија дури во судиското продолжение ја совлада домашната Картахена. Гостите поведоа во 35 минута преку Карлос Солер, домашните израмнуја во 75 минута од пеналот кој го резлизираше Алфредо Ортуњо, но Денис Чернишев погоди за Валенсија во 93 минута.
ВО ЧЕТВРТОК
Фуенлабрада – Кадиз
Жирона – Осасуна
Спортинг Хихон – Вичјаареал
Реал Сарагоса – Севилја
Манча Реал – Атлетик Билбао
Алмерија – Елче
Рајо Мајадахонда – Атлетико Мадрид