Фудбалерите на мадридски Реал во саботата вечерта испуштија можност бодовно да се израмнат со водечкиот градски ривал Атлетико, откако на својот стадион „Алфред ди Стефано“ без голови ремизираа со Бетис.
Реал беше надмоќен во сите елементи на играта, но на неговите играчи овојпат им недостигаше прецизноста. Бетис петти натпревар по ред го одигра без победник.
Атлетико е на врвот со 73 бодови, два помалку има Реал со меч повеќе. Три бода помалку од Реал и два натпревара помалку има третопласираната Барселона која денеска гостува кај Вилјареал. Атлетико, пак, гостува во Билбао кај Атлетик.
Валенсија и Алавес во саботата, исто така, одиграа без победник 1:1 во меч со возбудлив финиш. Гостите поведоа во 84 минута со голот на Швеѓанецот Џон Гвидети, а бодот на Валенсија ѝ го донесе Гаја во 89 минута,
Валенсија со 36 бодови е на 14-то место, а Алавес иа 31 бод и е на 16-то место, само два бода повеќе од зоната на испаѓање.
Без победник со резултат 1:1 заврши и дуелот меѓу Вајадолид и Кадиз. Вајадолид поведе во 14 минута преку Оскар Плано, но во 64 минута израмни за гостите Кала.
Вајадолите сега има 29 бодови и е на 18-то место, од кое се игра баражот за опстанок во Примера, а Кадис е 13-ти со 37 бодови.
Во првиот саботен меч од 32-то коло на шпанското првенство Елче со голот на Лукас Боје во 32 минута дома го совлада Леванте.
Елче скокна на 17-то место со 30 бодови, а Леванте е 12-ти со 38 бодови.
Во неделата на распоред се мечевите: Уеска – Хетафе, Вилјареал – Барселона, Селта Виго – Осасуна, Севилја – Гранада и Атлетик – Атлетико, а во понеделникот колото ќе го затвори дуелот Еибар – Реал Сосиедад.