Реал (М) да ги држи рацете понастрана од Глен Џонсон

Актуелниот предводник на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс, се обиде да стави крај на пласираната шпекулација дека офанзивниот десен бек, Глен Џонсон, за време на летниот преоден рок ќе биде продаден на шпанскиот гигант Реал (М).

Шпанските медиуми во изминатите неколку недели ја форсираат приказната дека “кралскиот клуб” подготвува официјална понуда за репрезентативецот на Англија и дека истата нема да биде помала од 20 мил. евра.

„Сакам Џонсон да остане на ’Енфилд’. Тука немам никаква дилема, особено сега кога е во одлична форма. Џонсон има 29-години и има уште неколку добри сезони пред него. Убеден сум дека ќе биде во одлична форма и во новата клупска сезона. Се’ до стартот на летниот преоден рок нема да има некакви преговори за нов договор, но Џонсон е приоритет за Ливерпул, особено како игра во ваква форма”, изјави Роџерс.