Реал (М) доби домашна задача од Барселона

Последното гостување на „Ноу Камп”, фудбалерите и најверните фанови на Рајо Валјекано ќе паметат по срамниот пораз од 6:0.

Каталонскиот гигант Барселона многу полесно од очекуваното ја оправда фаворитската улога во саботниот натпревар од 24. коло, а најзаслужен за убедливиот триумф е аргентинскиот интернационалец Лионел Меси кој со двата погодока го израмни рекордот по бројот на погодоци постигнати во шпанската Примера дивизион и сега му е потребен само еден гол за да го помине на вечната листа легендарниот капитен на Реал (М), Раул Гонзалес Бланко.

Убедлива победа но „само” од 3:0, во првенствената пресметка против екипата на Ввалјадолид, забележаа фудбалерите на Атлетико (М).

Градскиот ривал, тимот на Гетафе, денеска не би требало да биде некоја посериозна пречка за третиот фаворит во борбата за шампионската титула, тимот на Реал (М) кој повторно ќе настапи без суспендираниот португалски интернационалец, Кристијано Роналдо.

Резултати: Елче – Осасуна 0:0, Леванте – Алмерија 1:0, Барселона – Р.Валјекано 6:0, Вилјареал – Селта 0:2.

Денеска на програмата: Гранада – Бетис, Гетафе – Реал М., Атлетик Б. – Еспањол, Севилја – Валенсија.