Спортските обложувалници ја прифатија сугестијата на фудбалските стручњаци дека Реал (М) важи за фаворит во финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување.
За вложени 100 денари ќе заработите 200 денари доколку победничкиот пехар заврши во рацете на фудбалерите на Реал (М).
За истата парична сума ќе заработите од 320 до 350 денари доколку финалниот натпревар во Лисабон во регуларните 90 минути заврши без победник, а 380 денари е заработката доколку победничкиот пехар заврши кај фудбалерите на Атлетико (М).
Доколку вложите 100 денари на опцијата, Кристијано Роналдо го постигнува првиот погодок на натпреварот, заработувачката е околу 400 денари, а 650 денари ќе заработите доколку првиот погодок на натпреварот е дело на напаѓачот на Атлетико (М), Диего Коста.