Како што се приближува стартот на зимскиот преоден рок, така се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат во јануари да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Анхел ди Мариа.
И покрај неговата последна изјава дека е свесен и дека знае за клупската политика дека најскапо платениот фудбалер во историјата на Реал (М), Герет Бејл, мора да игра на секој натпревар, но истата нема да го натера да замине од „Сантијаго Бернабеу”, шпанските медиуми се убедени дека крилниот напаѓач ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 25 милиони евра.
Францускиот прволигаш Монако е последниот клуб кој покажа интерес за аргентинскиот интернационалец, кој подолг временски период важи за голема желба на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус и ПСЖ.