Претседателот на најтрофејниот клуб во шпанската Ппримера дивизион, Реал (М), Флорентино Перез веќе ја започна потрагата по нов напаѓач од светска класа кој ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу” на стартот од летниот преоден рок.
Прв на списокот со напаѓачи кои веќе е составен од Перез и од предводникот на „кралскиот клуб”, Карло Анчелоти, е хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион Баерн (М), Марио Манџукиќ.
Брзоногиот напаѓач не е многу задоволен од минутажата која ја добива од новиот тренер на баварскиот гигант Пеп Гвардиола и поради таа причина ќе си замине од “Алианс Арена” на стартот од летниот преоден рок.
Голем удел во таквата одлука на Манџукиќ има и веќе договорениот трансфер на полскиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски.
Големата желба на Флорентино Перез и на Карло Анчелоти лесно ќе стане реалност доколку понудата на Реал (М) за27-годишниот напаѓач на Баерн (М), не биде помала од 30 милиони евра.