Прво актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона запиша голем кикс на гостувањето во Валенсија, а само неколку часа подоцна и фудбалерите на Атлетико (М) не ја оправдаа фаворитската улога во првенствената пресметка против екипата на Севилја.
И покрај доминацијата во сите 90 минути, каталонскиот гигант освои само еден бод во дуелот со секогаш незгодниот тим на Леванте кој одлично се бранеше и успешно го лимитираше ефектот на најголемата ѕвезда во дресот на Барселона, Лионел Меси.
Атлетико (М) не ја искористи добиената шанса со победа во дуелот против екипата на Севилја да се искачи на лидерската позиција на табелата.
Од ремито на „Винсенте Калдерон” и од тоа во Валенсија, најголема корист има тимот на Реал (М) кој и понатаму е третопласиран на табелата, но сега има само еден бод помалку од директните ривали за шампионската титула, Барселона и Атлетико (М).
Резултати: Хетафе – Сосиедад 2:2, Вилјареал – Алмерија 2:0, Леванте – Барселона 1:1, Атлетико М. – Севилја 1:1.