Реал Мадрид го потврди и второто засилување за наредната сезона

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска го потврди второто засилување за сезоната 2023/24, тоа е уште еден повратник – Брахим Дијаз. По тригодишна позајмица во Милан, Дијаз се враќа во Реал Мадрид.

Мадриѓаните истакнаа дека Дијаз беше еден од клучните играчи на Милан во кампањата за скудетото минатата сезона, како и оваа сезона на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Тој пристигна во Реал во јануари 2019 година од Манчестер Сити за 17 милиони евра, но потоа не успеа да се наметне, па замина во Милано.Шпанецот одигра 124 натпревари во дресот на Милан со 18 гола и 15 асистенции.

Дијаз е второто засилување за Реал Мадрид оваа сезона, откако беше потврдено враќањето на одличниот лев бек Фран Гарсија.