Според сите проценки, Реал Мадрид ќе добие дом со ново име. Раководството на клубот одлучи „Сантијаго Бернабеу“ да замине во минатото. Отсега за комерцијални цели ќе се вика само – „Бернабеу“.
Медиумите во Мадрид информираат дека клубот се уште не се огласил по ова прашање, но конечната одлука се очекува на почетокот на новата година.
-Засега Реал Мадрид молчи по ова прашање, а промените се забележуваат само во одредени маркетиншки акции. Веб-страницата на стадионот се вика „Бернабеу“, како и официјалниот профил на социјалните мрежи. Обиколката на стадионот е наречена „Тур Бернабеу“, пишуваат во Шпанија.
Реал Мадрид моментално е втор во Ла Лига зад градскиот ривал Атлетико.