Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп откако со подобро изведување на пенали ја совладаа Валенсија со 4:3 во полуфиналниот меч одигран во средата вечерта во Ријад.
Ова е четврто издание на шпанскиот Суперкуп кој се одржува како „мини-турнир“ со четири екипи, а трето во Саудиска Арабија.
До 2019 година шампионот и освојувачот на купот се бореа за трофејот на победникот во Суперкупот, како и во повеќето земји. Сепак, од јануари 2020 година во битката за трофејот учествуваат четири екипи. Првиот Суперкуп во новиот формат се одржа во 2020 година во Џеда, а славеше Реал Мадрид. Потоа турнирот се одржа во Севилка кога славеше Атлетикот Мадрид, додека минатата година Реал Мадрид победи во Ријад.
„Кралскиот клуб“ и годинава ќе има можност да го освои трофејот откако во првото полуфинале ги совлада „Лилјаците“ со подобро изведување на пеналит откако мечот заврши 1:1. Реал поведе во 39 минута со голот на Карим Бензема од пенал, а тоа беше негов четврти гол во трите настапи по Светското првенство, а 16-ти против Валенсија, една од омилените жртви на капитенот на Реал.
Израмни Самуел Лино во 47 минута, а до крајот на 90-те минута повеќе немаше голови, иако Винисиус Жуниор имаше „зицер“ во петтата минута од продолжениејата на Георги Мамардашвили извонредно реагираше на голот на Валенсија.
Во продолженијата немаше голови, па победникот беше решен по изведувањето на пеналот. Кај Реал сите четворица играчи беа прецизни па немаше потреба од петтиот изведувач, а головите ги постигнаа Бензема, Лука Модриќ, Тони Крос и Асенсио, а кај Валенсија прецизни беа Единсон Кавани, Мориба и Гвиљамон. Комерт го префрли голот, додека ударот на Гаја го одбрани Тибо Куртоа.
Во четврток во второто полуфинале ќе играат Барселона и Реал Бетис, а во недела е финалето.