Реал Мадрид победи против Севиља и го освои Суперкупот на УЕФА

Победникот во Лигата на шампионите – Реал Мадрид, го победи освојувачот на Европа лигата – Севиља, со што го освои Суперкупот на УЕФА. Роналдо со два погодоци го однесе тимот до победата.

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо го предводеше Реал Мадрид до првиот трофеј во новата сезона со своите погодоци во 30-та и 49-та минута. „Кралскиот клуб“ синоќа во Кардиф, Велс, со 2:0 ја победи Севиља и го освои Суперкупот на УЕФА.

Реал Мадрид настапи во најсилниот состав – со Џејмс Родригез и Тони Крос во стартните 11. За Тони Крос ова беше првиот натпревар во дресот на Реал Мадрид. Тимскиот играч и освојувач на Мундијалот – Сами Кедира не беше ниту на клупата, со што продолжија да се шират гласините за неговото заминување.

Титулата во Суперкупот беше освоена на стадионот во Кардиф пред околу 33.000 фудбалски фанови. За време на целиот натпревар доминантен во играта беше тимот на Реал Мадрид.