Реал Мадрид го освои Интерконтиненталниот куп откако ја победи мексиканската Пачука со 3:0 во финалето во средата во кое доминираше предводен од Килијан Мбапе, Родриго и Винисиус Жуниор.
Откако освои три трофеи во првичниот Интерконтинентален куп – претходник на сегашниот формат кој ги спротивставува европскиот и јужноамериканскиот шампион – и пет светски клупски првенства, Реал сега освои вкупно девет светски титули.
Реал одигра онолку колку што беше доволно за да лесно да победи и никогаш не изгледаше веројатно дека ќе ја отстапи контролата над играта и покрај тоа што дозволи шампионот на КОНКАКАФ повремено да се заканува од контранапади на стадионот во катарски Лусаил во Катар.
Победниците на Лигата на шампионите го отворија резултатот во 37. минута со одличен тимски гол, кој започна со додавање на Џуд Белингем до Винисиус Жуниор, кој претрча покрај голманот пред да го проигра Мбапе, кој ја спроведе топката во празната мрежа.
Родриго го зголеми водството со прекрасен погодок во 52. минута кога надмудри двајца одбранбени играчи пред да влезе во шеснаесетникот и да пласира фин удар во горниот агол
Винисиус Жуниор ја заокружи победата на Реал од пенал во 83. минута, откако Усама Идриси го фаулираше капитенот Лукас Васкез во шеснаесетникот.
Пачука се закани со раните удари на Усама Идриси, Луис Родригез и Елијас Монтиел кои беа неутрализирани од Тибо Куртоа кој по паузата поради повреда се врати меѓу стативите, но Реал полека почна да ја презема контролата врз играта со Винисиус Жуниор и Родриго кои ги водеа страничните напади и Белингам ги хранеше двајцата со опасни додавања во простор.
Родриго и Белингем имаа две одлични шанси за гол пред Мбапе да го донесе водството, а Пачука имаше среќа да оди на паузатата со достижно заостанување бидејќи Реал само го зголемуваше притисокот.
Откако Родриго го постигна вториот гол на Реал седум минути во вториот дел, менаџерот Карло Анчелоти направи неколку измени. Неговиот тим потоа потроши неколку можности пред Васкез да реагира на прекршок шеснаесетникот што судијата првично не го забележа, но досуди пенал откако ја провери репризата на ВАР. Ударот од белата точка Винисиус го изведе ниско во десната страна од голот а голманот Карлос Морено ја имаше топката „на рака“, но ударот беше доволно силен и прецизен за да не може да ја спречи топката да ја мине гол-линијата.
Тоа беше единствениот натпревар на Реал на овогодинешниот Интерконтинентален куп, кој следната година повторно ќе биде Светско клупско првенство со дури 32 клуба учесници, додека Пачука најпрвин го победи јужноамериканскиот шампион Ботафого со 3:0, а потоа со 6:5 на пенали во дуелот со африканскиот шампионт Ал Ахли.
Интерконтиненталниот куп е натпреварување слично на Светското клупско првенство на ФИФА, во кое учествувале шесте клубови кои победиле на континенталните натпреварувања.