Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ преговара со Реал Мадрид за продолжување на договорот за дополнителна сезона, а соработката сѐ уште не е договорена, изјави во средата претставник на „Кралскиот клуб“.
„Тој и клубот преговараат деновиве“, изјавил за хрватската агенција Hina спортскиотфункционер која барал анонимност. На 38-годишниот играч од средниот ред Модриќ му истекува договорот за еден месец.
Шпанскиот весник Marca претходно во среддата објави дека Модриќ се согласил на продолжување до 30-ти јуни 2025 година, по состанокот со претседателот на клубот Флорентино Перез.
„Единствено што недостига е потписот на договорот за да се официјализира продолжувањето“, пишува весникот без да го именува изворот на информацијата.
Но функционерот на Реал во разговорот за Hina предупредува дека сѐ уште е неизвесно дали навистина ќе бидат ставени потписите на договорот. „Тука ништо не е како што изгледа додека клубот не го официјализира“, потенцирал соговорникот.
Тој ги прикажал објавите на неколку шпански медиуми кои ја објавија веста дека германскиот играч Тони Крос „официјално“ го продолжил договорот со Реал Мадрид до летото 2025. Истата вест како негова „ексклузивна“ пред два месеца ја објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, чии објави на социјалните мрежи користат Медиуми.
Сепак, Крос, 34-годишниот играч од средниот ред, во вторникот објави дека летово се повлекува од професионалниот фудбал. Неговиот договор, исто така, истекува на 30 јуни. Крос и Модриќ играат во средниот ред од летото 2014 година, но клубот спроведува политика на подмладување на тимот, па и двајцата оваа сезона одиграа далеку помалку од претходните.
Младите играчи од средниот ред Џуд Белингам, Едуардо Камавинга, Федерико Валверде, Аурелиен Чоамени, Дани Себаљос и Арда Ѓулер го покажаа својот квалитет оваа сезона, а Реал Мадрид ја освои титулата во шпанската лига и шпанскиот Суперкуп. Доколку Модриќ остане во клубот, со своето искуство ќе им помогне на тие играчи. Тој е најстариот играч во тимот, а воедно и негов заменик капитен.
Модриќ дојде во Реал Мадрид во летото 2012 година од лондонски Тотенхем, а со „Кралскиот клуб“ освои 25 трофеи. Тој засега е недостапен за медиумите. Реал Мадрид на 1-ви јуни ќе го одигра финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во Лондон. Доколку победи, Модриќ заедно со дефанзивецот и капитен Начо Фернандез ќе станат играч со најмногу трофеи во 122-годишната историја на клубот.